Top Sport

Конте: Ова не беше фудбал достоен за еден Интер

Антонио Конте ја презеде целосната одговорност за разочарувачкото 1:1 реми со Славија Прага во првото коло од Лигата на шампионите, во меч во кој дадоа гол во 92. минута за „спас“ од пораз од чешкиот клуб.

Со Барселона и Борусија Дортмунд во нивната група, ова на хартија требаше да бидат лесни три поени за тимот на Конте.

„Славија Прага играа многу европски фудбал, агресивен и со интензитет. Ние не најдовме решенија за таа игра. Во другите мечеви досега имавме противници кои седеа и чекаа на нас, но Славија не нападна. Секако дека не сум задоволен. Јас треба првиот да ја преземам одговорноста, бидејќи го немав потребниот ефект кон моите играчи. Ова не е тип на фудбал каков што треба да игра Интер. Тие не победија во интензитет, посветеност, брзина. Ние не покажавме ништо од нашиот фудбал. Имаме многу работа“, вели Конте.

ЛШ: Барела во 92. минута спаси реми за Интер со Славија Прага (видео)

Scroll to Top