По отказот на Лучијано Спалети од кормилото на Интер, се е подготено да биде претставен новиот тренер на „нероазурите, Антонио Конте.
Според тврдењата на угледниот италијански спортски дневник „Газета дело Спорт“, првиот услов на Конте кога се појави информацијата дека тој ќе биде новиот тренер на Интер бил Мауро Икарди да си оди од клубот под било кои услови.
Конте е познат по тоа што не толерира издвојување во соблекувалната, екстраваганција и полнење на страниците со „жолт печат“. Со Икарди во тимот и со неговата сопруга, Ванда Нара тоа е загарантирано.
За иднината на Аргентинецот многу се пишуваше, а се погласно се споменува дека Париз и ПСЖ се следната дестинација на Икарди.