Top Sport

Конте со „предизвик“ за Лукаку: Мораш многу повеќе!

Антонио Конте му порача на Ромелу Лукаку дека мора да ја подобри играта и покрај тоа што белгискиот напаѓач има одлична прва сезона во Серија А по трансферот од Манчестер јунајтед.

Лукаку има постигнато 23 гола во Серија А, вклучувајќи четири гола во последните пет натпревари, од кои два во неделната 3:0 победа над Џенова.  Сепак, Конте не се импресионира лесно.

„Тој е фудбалер со многу простор за подобрување. Во одредени ситуации во мечевите, тој може да биде многу подобар и мора да гог направи тоа. Зборуваме за нетипичен фудбалер, кој и покрај својата големина и сила има способност да дава голови како тој против Џенова во 93. минута. Останува да видиме дали тој сака да се подобри и дали е гладен за успеси“, вели Конте.

Scroll to Top