Top Sport

Конте: Тотенхем не сакаат да зборувам за италијанските медиуми

Антонио Конте инсистира дека е среќен во Тотенхем и дека не гледа ништо проблематично во неговото последно интервју со „Скај спортс Италија“, иако клубот може да му забрани да зборува со италијанските медиуми во иднина.

Во неодамнешното интервју, Конте се пожали дека загубил четири фудбалери во јануарскиот преоден рок, а ги донел само Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур од Јувентус, а исто така се пожали дека е во поинаква ситуација во клуб кој „одамна не освојувал титули“.

„Во интервјуто ме прашаа за клубот и дали сум среќен и кажав дека клубот направил најдобро што може. Загубивме четири важни играчи и нумерички сме послаби. Не сфаќам зошто некој сака да направи проблем меѓу мене и клубот. Толку приказни за мене и за претседателот на клубот. Тој ги знае моите мислења, не морам да одам во медиумите за да му пренесам пораки. Уживам во Тотенхем со моите фудбалери и постојано го кажувам тоа. Интервјуто со италијански медиум може да биде проблем, и тоа значи дека клубот не сака да зборувам со италијанските медиуми поради преводот“, вели Конте.

Scroll to Top