Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте призна дека вчера неговиот тим бил надигран од супериорниот Челси при 2:0 поразот во првиот меч од полуфиналето на Карабао купот, и предупреди дека кој и да пристигне во јануарскиот преоден рок нема да ги реши проблемите на тимот.
„Челси покажаа дека се многу подобри од нас, и го знаевме тоа, дека играме со еден од најдобрите тимови во Европа, актуелен шампион од Лигата на шампионите. Не може да има споредби меѓу нас. Тие се тим подготвен за победи. Јасно е дека во моментов има важна разлика и ќе се обидеме да се бориме за добра позиција во лигата, но не сме блиску. Искрено, мислам дека се лажеме ако мислиме дека ќе ја решиме ситуацијата со трансфери во јануари. Прво, во јануари секогаш тешко се купува, а потоа ти требаат вистинските играчи. Мислам дека треба да продолжиме со работа и да го кренеме нивото на нашите играчи. Решението на проблемот е во работата“, додава Конте.