Top Sport

Конте: Требаше да биде дебакл, а испадна една многу посебна ноќ

Интер синоќа со спектакуларен пресврт го доби градското дерби против Милан со 4:2. Со оваа победа тимот на Антонио Конте се врати на челната позиција на табелата. Интер и Јувентус имаат по 54 поени, еден повеќе од Лацио.

„Беше ова посебна ноќ. Во првото полувреме се најдовме во тешка ситуација, најтешка оваа сезона. Постоеше ризик да доживееме дебакл. Наместо тоа успеавме да го вратиме балансот. разбравме што треба да подобриме. Играчите веруваа, секоја чест за нив. Покрај резултатот среќен сум што покажаа дека можат да се извлечат од тешка ситуација“, рекол Конте по натпреварот.

Во наредното коло пред Интер е уште едно дерби, гостувањето во Рим кај Лацио.

Scroll to Top