Top Sport

Конте забранил мрсна храна, мајонез , кечап, вештачки шеќери

Антонио Конте, пред десет дена го преседе Тотенхем. Менаџерската позиција ја наследи од Нуно Еспирито Санто. Италијанскиот тренер, по дуелите со Витесе во Лига Европа и Евертон во Премиер лигата, решил да воведе неколку забрани, незадоволен од физичката подготвеност на фудбалерите.

Конте, шампион на Англија со Челси во 2017 година, смета дека неговите фудбалери имаат вишок килограми. Забранил мрсна храна, мајонез, кечап, вештачки шеќери…Решил, ручеците да бидат во ресторанот во тренинг кампот.

„Секој фудбалер мора напредува на физички план за да може да се вклопи во мојата фудбалска филозофија. Мора да бидат подготвени на жестоки тренинзи. Два или три тренинга неделно не се доволни за да одговориме на сите прашања кои не мачат. Се надевам дека ќе биде посветени, за да можеме невозможното да го претвориме во возможно“, рекол Конте.

Тотенхем со 16 бодови се наоѓа на деветтото место на табелата.

Scroll to Top