За романскиот бизнисмен Џиџи Бекали е контроверзна личност во фудбалскиот свет. Често прави работи што немаат врска со фудбалот. Контроверзниот сопственик на ФЦСБ (поранешна Стеауа) често беше критикуван за неговото однесување кон тренерите, мешањето во нивната работа.
Романските медиуми сега пишуваат дека Бекали вложил 20.000 евра, дека неговиот клуб ќе го мине Нордсјеланд во квалификациите за Конференциската лига и дека во плеј-офот ќе игра против белградски Партизан.
Облогот не му успеа, бидејќи Норвежаните лесно го ФЦСБ. Немаше голови во Романија, во првиот меч, а во реваншот Нордсјеланд победи со 2:0.
„Ми рекоа дека коефициентот е 7.00, бидејќи се работи за квалификации. Сакав да ставам 50.000 евра, но ми рекоа дека максимумот е 20.000. Добро е што на крајот не вложив повеќе. Ставив 20.000 и паднав. Сето ова е игра“, изјави Бекали, а пренесува локалниот Про спорт.