Есперанс де Тунис се победници во Лигата на шампионите на Африка. Во контроверзниот реванш екипата од Тунис беше поуспешна од Вјдад.
Првиот меч на теренот на Вјдад заврши 1:1, а во вториот Есперанс имаа предност 1:0 до 60 минута, кога гостите го напуштиле теренот.
Фудбалерите на Вјдад постигнале гол за 1:1, но на изненадување на сите помошникот судија сигнализирал офсајд. ВАР-системот не работел на стадионот, поради што главниот судија не можел да ја прегледе целата ситуација и да процени дали одлуката на помошникот била исправна.
Поради несиправноста на ВАР-системот тој морал да ја прифати одлуката на својот помошник. Потоа фудбалерите на Вјдад го напуштиле теренот со убедување дека домаќините намерно го саботирале ВАР-системот.