Top Sport

Копа дел Реј: „Крвникот“ на Реал Мадрид запрен од Атлетик Билбао

Големото изненадување во шпанскиот Копа дел Реј, екипата на Алкојано го заврши годинешното патешествие во ова натпреварување откако во 16-финалето го елиминираше големиот Реал Мадрид. Вечерва не успеаја да го совладаат Атлетик Билбао на свој терен и да влезат меѓу осумте најдобри екипи во Купот.

Баскијците славеа триумф со пресврт, со 2-1, откако полувремето му припадна на Алкојано со 1-0.

Резултатот беше отворен во 39 минута со погодокот на Карбонел.

Сепак, прволигашот со голот на Вилалибре во 53 и со погодокот на Инаки Вилијамс во 78 минута славеше триумф за четвртфинале.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');