Top Sport

Копа Либертадорес: На повидок ново Супер-класико (Видео)

Лани играа во финалето, а како стојат работите големите аргентински ривали Ривер Плејт и Бока Јуниорс оваа година ќе се сретнат во полу-финалето во Копа Либертадорес.

Двата тима забележаа сигурни победи во првите четврт-финални дуели, Бока против ЛДУ Кито (3-0), а Ривер против Серо Портено (2-0).

Ривер на својот стадион „Монументал“ доминираше против парагвајскиот опонент, но не успеа да постигне гол од игра. Двата гола домашните ги постигнаа од пенал преку Игнасио Фернандес во осмата и Рафаел Боре во 65 минута.

Scroll to Top