Црвена ѕвезда вечерва ќе го пречека Ливерпул во Лигата на шампионите, а врвот на нападот, кога веќе го нема повредениот Ричмонд Боаче, ќе го предводи Ел Фарду Бен.
Поранешниот играч на Олимпијакос и репрезентативец на Коморските острови е најзаслужниот што Црвена ѕвезда по 26 години повторни игра во Лигата на шампионите. Бен ги постигна двата гола во Салцбург, кога српскиот шампион ја стигна предноста на противникот од 2:0. Мечот на крајот заврши 2:2, а Бен ги „купи“ срцата на фановите.
Вечерва, Ел Фарду Бен, подготвува уште едно изненaдување за сите навивачи, со што сигурно уште повеќе ќе го зацврсти својот статус на северната трибина кај „Делиите“.
Бен ќе носи специјални копачки, на кои пишува „Гордост и чест“, а на нив се наоѓа и грбот на клубот, но и слика на навивач на Црвена ѕвезда.
Инаку, изгледот на копачките е осмислен од македонското студио за дизајн „SWithADot“.