Top Sport

Кордоба: Манчестер јунајтед не знаеја да играат со Лукаку

Легендата на Интер, Иван Кордоба, смета дека Манчестер јунајтед едноставно не го „разбрале“ потенцијалот на Ромелу Лукаку, и додава дека се надева дека неговиот сонародник Хамес Родригез ќе го избере Интер за да се креира моќен тим на „Меаца“.

„Лукаку е исклучителен фудбалер, а Манчестер јунајтед не го разбираа потенцијалот на фудбалерот и затоа не му одеше на ’Олд Трафорд’. Сега, тој покажува дека е шампион. Се сретнав со него, тој е позитивен лидер во соблекувалната и Јунајтед згрешија што го продадоа, иако сум среќен што Интер го ’грабна’“, вели Кордоба за „Дејли мејл“.

Тој исто така зборуваше за својот сонародник Хамес Родригез, кој повторно се наоѓа на немилост на Зинедин Зидан во Реал Мадрид и е поврзуван со трансфер во Серија А или Премиер лигата.

„Хамес е најдобриот фудбалер за нас Колумбијците. Многу зависи од него и каде сака да продолжи, иако никој тим нема да згреши ако го купи. Се надевам дека ќе биде во мојот Интер и ќе ме замени мене како Колумбиец на ’Сан Сиро’“, вели Кордоба.

Scroll to Top