Top Sport

„Кориере дела сера“: Бобан се враќа во својот Милан!

Поранешниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан е на чекор да се врати на Сан Сиро, во тимот на својот поранешен клуб Милан, пишува „Кориере дела сера“.

Инфрмациите од Италија се дека челниците на Милан сакаат Бобан да биде поставен за спортски директор на клубот, за заедно со техничкиот директор Паоло Малдини да бидат задолжени за сите работи поврзани со екипата.

Хрватот во Милан помина 10 години, од 1991 до 2001 година, а со клубот освои 4 Скудета.
Во 1998 година хрватскиот репрезенативец со „коцкастите“ ја освои бронзата на СП во Франција.
Бобан од 2016 е вработен во ФИФА.

Scroll to Top