На Пеп Гвардиола и Манчестер сити ќе им биде потребен камбек ако сакаат да стигнат до полуфиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, откако по 24 минути игра, Лион успеа да дојде до водство од 1:0 по еден брз напад на францускиот тим.
Токо Екамби доби одлична долга топка, а Кајл Вокер не успеа да го остави во офсајд, по што тој ја додаде до Максвел Корне, кој успеа со „вртена“ топка да го измами Едерсон за шок во Лисабон.
Maxwel Cornet abre o placar em Lisboa: Manchester City 0x1 Lyon #UCL pic.twitter.com/sQIF5gm7tt
— Goleada Info (de ?) (@goleada_info) August 15, 2020