Се ближи продолжението на елиминациската фаза во Лигата на шампионите и Лига Европа на УЕФА. Едно од дербу дуелите во шеснаесетфиналето на ЛЕ е дуелот меѓу Арсенал и Бенфика.
Првиот меч од овој дуел е на програмата на 18 февруари во Лисабон, но е под знам прашање поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот која во Португалија е многу сложена.
Владата на Велика Британија е во страв да не дојде кај нив новиот сој на коронавирусот од Бразил, па ја разгледуваат опцијата да го одбијат лондонскиот клуб со специјална дозвола да отпатува во Португалија.
Оттука започнаа преговори од двете страни овој дуел да се одигра на неутрален терен, иако португалскиот клуб инсистира мечот да се одигра во Лисабон.
Владата во Велика Британија на 15 јануари забрани влез во земјата на патници од Јужна Америка, Португалија и Зеленортските Острови. Се смета дека Португалија има силни сообраќајни врски со Бразил, што во Лондон се смета за посебно опасно.
Останува да се види како ќе се заврши целата ситуација.