Синиша Михајловиќ тренерот на Болоња проговорил за своето искуство со коронавирусот. Тренерот рекол дека по сѐ што му се случувало изминатата година, борбата со вирусот не била тешка.
„По она што го минав од јули до јануари, шест месеци борба со леукемијата, хоспитализацијата, големиот број на хемо-терапии, трансплантацијата на коскената срцевина…Ковид-19 ми дојде како да треба да испијам часа вода. Без асимптоматичен, ништо не почувствував“, изјавил за „Газаета дело Спорт“, Михајловиќ.
Тренерот тврди дека тоа што тој лесно се справил со опасниот вирус, не значи дека тој не постои.
„Не сум од оние кои ќе кажат дека вирусот не постои или дека се работи само за обична настинка. Бројот на почитани и хоспитализирани доволно кажува за сериозноста и дека вирусот е опасен. Непочитување е да се рече дека Ковид-19 не е опасен вирус поради сите оние што во овој период останеле без некој близок“, заклучил Михајловиќ.