Калчолигашот Интер е во проблеми откако двајца одбранбени фудбалери се позитивни на коронавирусот, па тренерот Антониот Конте за градското дерби против Милан ќе биде со разнишана одбрана.
Алесандро Бастони е позитивен на опасниот вирус. Тој бил тестиран пред настапот на младата италијанска селекција. Освен него, позитивен на Ковид 19 е и словачкиот дефанзивец, Милан Шкрињар.
Бастони веќе е во изолација, а Словакот го чека резултатот од вториот тест. Доколку и тој е позитивен, и тој 14 дена ќе мора да биде во изолација во татковината.
Конте одбраната на екипата ја планира со тројца во последната линија, а двајцата заразени досега имаат два настапи во трите воведни кола во Серија А.
Интер против Милан, градското дерби на Милано е идниот викенд, а најверојатно двајцата дефанзивци нема да можат да настапат ниту на првиот новосезонски меч во ЛШ, против Борусија Менхенгладбах, на 21 овој месец.
„Нероазурите“ испратија на тестирање уште 8 играчи кои не се дел од репрезентациите, а резултатите се очекуваат во текот на денот.
#Inter have confirmed that #Bastoni has tested positive for COVID-19, #Skriniar also has tested positive too! The players will miss the game against AC Milan. https://t.co/kuaPgbPQXw
— ENJOY INTER (@EnjoyInter) October 8, 2020