Top Sport

Коронавирусот го „нападна“ Торино

Коронавирусот влезе во фудбалскиот клуб Торино. Италијанските медиуми објавија дека осум фудбалери се заразени со вирусот, додека за еден се чекаат резултатите од повторениот тест.

Поради ова целиот тим е во изолација.

Изолацијата треба да трае најмалку седум дена, што значи дека ќе биде одложен натпреварот на Торино и Сасуоло. Овој натпревар на програмата е во петок.

Поради лошата епидемиолошка ситуација, можно е да биде одложен и натпреварот Торино-Лацио, кој ќе се игра наредниот вторник.

Торино, сезонава, се бори за опстанок во Серија А, со 20 бодови „биковите“ се 17. на табелата.

Scroll to Top