Top Sport

Коронавирусот се појави и во Аталанта

Прес конференцијата на тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини во пресрет на натпреварот со Каљарие е откажана откако коронавирусот бил дијагностициран кај член на клубот.

Зе уште не е познато дали е заразен некој од фудбалерите или некој од членовите на стручниот штаб на Аталанта.

Инаку Аталната е клубот кој најмногу патеше во текот на пандемијата на коронавирусот. Бергамо беше најпогодениот град во Италија од опасниот вирус.

Тренерот Гасперини имал корона, а во јули, пред мечевите во Лигата на шампионите, било утврдено дека тој има анти-тела.

Scroll to Top