Коронавирусот бил во Ајакс, фудбалскиот клуб од Амстердам потврди дека имале заразени членови, а холандскиот весник „Телеграф“ прецизира дека се работи за 13 случаи.
Шампионот на Холандија во јуни тестирал вкупно 90 луѓе, фудбалери од првиот и од вториот тим, луѓето од стручниот штаб и вработени во клубот, а резултатите покажале дека постојат антитела кај 13 од нив.
„Точно е дека имавме заразени“ изјавил директор за медиуми, Мил Бринкхуис, но не сакал да открива имиња.
„Сега сите се негативни и редовно тренираат, исклучок е голманот Онана, но тој е повреден“ – вели Бринкхуис.
Претпоставката е дека играчите на Ајакс антителата ги добиле откако во февруари играа против Хетафе во ЛЕ и патуваа во Мадрид, а тогаш во Шпанија вирусот косеше.
Новата сезона на „копјаниците“ започнува на 12 септември.