Фудбалскиот клуб Арсенал потврди дека капитенот на тимот Лоран Кошчелни (32) најмалку шест месеци ќе биде надвор од тимот поради операцијата на Ахиловата тетива. Поради повредата дефанзивецот ќе го пропушти Светското првенство во Русија.
Кошчелни се повреди на натпреварот против Атлетико во Мадрид. Во 18.минута, капитенот на Арсенал, во ситуација кога топката беше на спротивната страна, остана да лежи на теренот. Сериозноста на повредата прв ја заблежа играчот на Атлетико, Диего Коста, кој веднаш побара лекарската екипа да влезе на теренот.
„Кошчелни најрано во декември може да се врати“, рекол менаџерот на Арсенал, во заминување, Арсен Венгер.
Повредата на Кошчелни и повлекувањето на Мертезакер, отвора дупка во дефанзивата на Арсенал, што значи дека новиот менаџер ќе мора да ја засили последната линија во летниот преоден рок.
Според англиските медиуми Арсенал, за сума од 20 милиони евра, го договорил трансферот на Скоратис Папастатопулос од Борусија Дортмунд.
Искусниот фудбалер ќе го пропушти Светското првенство, што значи дека прва опција на францускиот селектор за централниот дел на одбраната ќе бидат Умтити и варан.
Отуството на Кошчелни отвора можност за наколкумина играчи да добијат повик од селекторот Дешан. Медиумите шпекулираат дека повикот би можел да биде упатен до Кимпембе (ПСЖ), Лапорт (Манчестер сити), Рами (Олимпик Марсеј), Зума (Стоук) или Ернандез (Атлетико Мадрид).