На лошиот старт на сезоната на Ливерпул му се надоврзуваат проблемите со повредите, откако Јирген Клоп дозна дека барем до декември ќе биде без колумбискиот напаѓач Луис Дијаз, а исто така не се знае состојбата на Трент Александер-Арнолд по 3:2 поразот од Арсенал.
Дијаз, кој имаше спектакуларно пристигнување на „Енфилд“ во јануари, беше еден од најдобрите и најпостојаните играчи во тимот на Ливерпул и ов сезона, но откако беше повреден во првото полувреме против Арсенал, прогнозата не е најдобра. Иако нема поставено датум за враќање, тој сигурно ќе паузира до крајот на Светското првенство, каде што неговата Колумбија не игра.