Top Sport

Косиелни штрајкува поради лошиот однос од Арсенал, а не за трансфер

Лорен Косиелни одбил да патува со Арсенал на американската турнеја бидејќи се сомнева во желбата на клубот да го заддржат својот капитен, тврди „ЕСПН“.

33-годишниот Косиелни има уште една година од договорот со Арсенал и сакал да потпише двегодишен договор со „топчиите“, но тие не му понудиле никаков договор. Според „ЕСПН“ не е вистина дека тој се обидува да ги натера Арсенал да го продадат на некој клуб во Франција (Бордо, Лион и Рен се заинтересирани), туку само бара поголема почит од клубот.

Арсенал бараат 10 милиони фунти за трансфер на Косиелни, сума која го натерала да штрајкува. Менаџерот Унаи Емери изјавил дека е подготвен Косиелни да тренира со резервниот тим додека не се најде решение.

Косиелни дојде во Лондон од Лориен во 2010 и има над 350 настапи за „топчиите“, но добиваше помалку шанси за игра откако во мај 2018 го повреди коленото и го пропушти Светското првенство во Русија, каде што Франција ја освои титулата.

Scroll to Top