Top Sport

Косовецот Муриќ херој за Сити, му одбрани два пенали на Лестер (видео)

Манчестер сити се пласираше во полуфиналето на англискиот ЕФЛ лига куп, откако на гостувањето на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер дури по пенал-серијата го елиминираше домаќинот и тоа благодарение на младиот косовски голман Аријанет Муриќ, кој одбрани два пенали!

Сити поведоа во Лестер преку голот на повратникот во клубот, Кевин де Бројне во 14. минута, пред Марк Олбрајтон во 74. минута да израмни на 1:1. Овој резултат остана до крајот на мечот, па веднаш се прејде на пеналите (без продолженија).

Муриќ успеа да ги одбрани ударите на Сојунчу и Медисон во одлична прилика да се запознаеме со квалитетите на 20-годишниот голман.

ЕФЛ ЛИГА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ

Лестер – Манчестер сити 1:1, 1:3 на пенали

Мидлзборо – Бартон 0:1

Шок за Црна Гора, талентираниот голман на Сити ја смени репрезентацијата

Scroll to Top