Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“ изјави дека во својата младост бил навивач на двата белградски клубови, Партизан и Црвена звезда, и тоа поради различни причини.
На реакција на новинарот дека неговите колеги биле разочарани што Харадинај не навивал за Динамо Загреб или Хајдук од Сплит, премиерот на Косово даде интересен одговор.
„За Партизан навивав кога таму играше Фадиљ Вокри, но не бев страстен навивач, ниту член на ’гробари’, како што велеа во српските медиуми. Но, морам да откријам и уште една тајна. Кога бевме деца, сите навивавме за Црвена звезда, бидејќи тие имаа албански бои. Тогаш не смееше да се носи албанското знаме на стадион“, вели Харадинај.