Top Sport

Костарика само ги налути белгиските „ѓаволи“ во Брисел (видео)

Белгија со убедлива победа патува на Мундијалот во Русија, откако на стадионот „Крал Бодуен“ со 4:1 ја совладаа Костарика во последната контрола на двата тима учесници на СП.

Ромелу Лукаку постигна два гола и асистираше на уште ден, за Белгија да се врати откако Брајан Руиз неочекувано ги донесе Костарика во водство во 24. минута.

„Ѓаволите“ прво одговорија преку Дрис Мертенс во 32. минута, за напаѓачот на Наполи потоа да му асистира на Лукаку при вториот гол во 44. минута. Лукаку го постигна и третиот гол за Белгија по пет минути игра во второто полувреме, за Мичи Батшуаи на асистенција на Лукаку во 64. минута да го постави конечниот резултат.

Ова е уште еден одличен тест за тимот на Роберто Мартинез, кој според многумина е фаворит барем во нивната Г група покрај Панама, Тунис и Англија. Костарика од друга страна се наоѓа во „пеколна“ група со Бразил, Србија и Швајцарија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top