Top Sport

Костиќ штрајкува, бара трансфер во Лацио

Српското крило на Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ одбива да се појавува а тренинзи со бундеслигашот во обид да издејствува трансфер во Лацио.

Според италијанските медиуми, Костиќ уште минатиот месец се договорил со Лацио, но прво треба да почека римскиот клуб да продаде играчи, што наводно веќе се случи откако Мохамед Фарес е пред трансфер во Џенова за 7 милиони евра.

Меѓутоа, Ајнтрахт ја одбива понудата од Лацио и Костиќ реши да штрајкува и да не тренира и да не игра на утрешниот меч против Арминија Билефелд.

„Секако односот на Филип многу не иритира. Го познававме како професионалец со цврст карактер, така што сме изненадени од ова однесување, посебно бидејќи уште има договор, а нема формална понуда. Ајнтрахт нема да биде уценуван“, изјави спортскиот директор на клубот, Маркус Кроше.

Scroll to Top