Ренато Санчес, поранешниот освојувач на наградата „златно момче“, како најдобар млад фудбалер, се врати во Баерн Минхен и ќе му биде потребно време да го исполни својот потенцијал, вели тренерот на Баварците, Нико Ковач.
Португалецот минатата сезона беше позајмен играч во Свонси, клубот кој испадна од Премиер лигата, и не успеа да импресионира во Велс и да ги оправда 35-те милиони евра кои Баерн ги плати за трансфер од Бенфика во 2016 година.
Renato Sanches goal from the free kick #FCBPSG #ICC2018 #FCBayern pic.twitter.com/kTo84FDUgM
— Jonah Takalua (@Destaquito2) July 21, 2018
Ковач му даде шанса на Санчес во својот прв меч на чело на германскиот гигант, и тој постигна одличен гол од слободен удар за 3:1 победата над Пари Сен-Жермен во саботата.
„Морате да разберете дека кога доаѓа фудбалер од странство, не можете да очекувате од него веднаш да се навикне на работата. Дајте му малку време. Тој дојде на тренинзите мотивиран од почеток и го гледав последните три недели како се подготвува“, вели Ковач.