Top Sport

Ковач е подготвен да замине, ги „исплукал“ своите фудбалери

Баерн Минхен, во саботата, уште еднаш ги разочара своите навивачи. Баварците и покрај предноста од 3:1, на крајот ремизираа 3:3 против Фортуна. Баерн нема победа во Бундеслигата на последните три натпревари.

Киксот против Фортуна веројатно му пресуди на тренерот Нико Ковач. Се шпекулира дека тој вечерва против Бенфика последен пат ќе го води тимот.

Во врска со случувањата во Баерн, весникот „Билд“, пишува дека Ковач по ремито против Фортуна, одржал состанок со фудбалерите во неделата во 10 часот.

На состанокот хрватскиот тренер не ја анализирал играта против Фортуна, ниту направил подготовка за дуелот со Бенфика, туку жестокот ги нападнал играчите и ги обвинил дека тие се виновни за резултатите.

„Веројатно е дека јас нема да бидам тука уште долго време, но пред да се случи тоа морам да направам нешто“, започнал Ковач, а потоа жестокот ги нападнал фудбалерите, особено оное што имаат статус на ѕвезди.

Иако тренерот, во своите претходни интервјуа говорел дека има нормален однос со играчите, очигледно е дека тој е нивната жртва. Истата група на играчи го иницираше отказот што го доби Карло Анчелоти.

„Билд“ пишува дека во соблекувалната секој знае се и секој е подобар од тренерот, поради што Ковач им порачал на фудбалерите дека тој „како Хрват мора жестоко да се бори за се, додека оние оние што се староседелци не се загрижени за она што се случува“.

На говорот и критиките што ги упатил кон нив, според овој извор, ниту еден од фудбалерите не покажал разбирање.

Scroll to Top