Нико Ковач е под притисок по лошиот старт на сезоната на германскиот гигант Баерн Минхен, со шпекулации за конфликт во соблекувалната и со слаба форма на теренот по неговото доаѓање од Ајнтрахт Фракнфурт.
Германските медиуми веќе јавуваа дека Хамес Родригез е еден од тие кои сакаат хрватскиот тренер да биде сменет што е можно побргу, а според последните вести на „Билд“, постои нешто што ужасно ги нервира фудбалерите.
Според весникот, Ковач вовел задолжително возење велосипед во траење од барем 20 минути за фудбалерите, што посебно им пречело бидејќи тоа мора да го прават по тренинзите. Според „Билд“, фудбалерите се лути бидејќи се подготвуваат за мечеви, а не за Тур де Франс.
Bild | Bayern players are revolting against Niko Kovac’s training methods. According to Bild-info, Kovac obliges his players to go on a bike ride for 20 minutes after every training and 30 minutes after every game for regeneration. This „overtime“ is annoying the players. pic.twitter.com/9Tksw38XCd
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 12, 2018