Нико Ковач доцна вечерта во неделата доби спогодбено се раздели со Баерн Минхен. Поранешниот хрватски селектор летото во 2018 година го презеде баварскиот гигант, го предводел на 65 натпревари со скор од 45 победи, 12 нерешени и осум порази.
Статистиката покажува дека Ковач има добар процент на победи, меѓутоа челниците и играчите не беа задоволни од од начинот на кој што игра тимот под негова команда.
На крајот на Ковач му пресуди поразот од неговиот поранешен тим Ајнтрахт (5:1) во саботата, во Франкфурт.
Тренерот ќе го наплати раскинувањето на договорот со клубот. Минатото лето тој потпишал договор до јуни 2021 година, за годишна плата од шест милиони евра. Германските медиуми тврдат Баерн на тренерот, за предвремениот раскин на договорот, ќе му платат 10 милиони евра.
Баерн Минхен до именување на новиот тренер ќе го предводи еден од помошниците на Ковач, Ханси Флик.