Top Sport

Ковач открил кој го предводи кланот на незадоволните

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, открил дека има проблеми во соблекувалната и посочил кој го предводи кланот на незадоволните.

Баерн е во резултатска криза, нема победа на последните три натпревар, поради што Борусија Дортмунд ја презеде лидерската позиција во Бундес лигата. Лош натпревар одиграа Баварците и во Лигата на шампионите против Ајакс (1:1), а по тој меч Хамес Родригез му порачал на Ковач дека „Баерн не е Ајнтрахт Франкфурт“.

Хрватот е свесен дека има проблеми во соблекувалната со искусните фудбалери, а наводно кланот на незадовлните играчи го предводи Аријан Робен.

Германските медиуми веќе шпекулираат дека 34-годишен фудбалер, доколку Ковач остане во клубот, во наредниот преоден рок би можел да замине од Баерн.
Според истите извори Баерн како замена за Робен сака да го донесе Ченгиз Ундер од Рома.

Scroll to Top