Top Sport

Ковач стартуваше со тешко извојувано реми за Монако

Првиот официјален меч на Нико Ковач на клупата на Монако  не помина најдобро за хрватскиот тренер, откако „кнезовите“ се враќаа од негатива од 0:2 против Ремс за тешко извојувано 2:2 реми во првото коло на Лига 1.

Гостите успеаја да имаат шокантен старт на „Луј Втори“, откако Булаје Диа уште во 5. минута постигна гол за водство, а во 20-тата минута Ел Билал Туре ја удвои предноста.

Монако успеа да намали на 1:2 во финишот на полувремето преку Аксел Дисаси, пред во 55. минута Беноа Бадиашил да ги постави конечните 2:2.

Scroll to Top