Аталанта се засили со украински фудбалер од Шахтхор. Договор со екипата од Бергамо потпиша Виктор Коваленко.
Аталанта за трансферот на 24-годишниот фудбалер издвои 700.000 евра. Коваленско во тимот доаѓа на местото на Алехндро Папу Гомез кој се пресели во Севилја.
Коваленко постигна четири гола на осум натпревари за Шхтјор во првенството на Украина, а настапи и на три натпревари во Лигата на шампионите.
Аталанта до крајот на сезоната ќе се бори за место во Лигата на шампионите, преку Серија, додека во осмина-финалето во најквалитетното натпреварување ќе игра против Реал Мадрид.