Ковентри сити успеа да стигне до 0:1 победа над Мидлзборо на гости, за да се пласира во плејофот за влез во Премиерлигата, каде што ќе се судрат на „Вембли“ со Лутон таун во меч кој вреди стотина милиони фунти преку ТВ правата.
Ковентри последен пат беа во Премиерлигата во 2001 година, по што следуваше финансиски колапс на тимот, кој само пред пет години во сезонат 2017/18 играше во Лига 2, четвртата англиска лига. Овојпат по 0:0 во првиот меч на домашен терен, во Мидлзборо им беше доволен голот на Холанѓанецот Густаво Хамер во 57. минута за да го елиминираат тимот на чија клупа седи Мајкл Керик.