Квинс парк ренџерс се целосно против најавата за враќање на англискиот Чемпионшип овој месец, откако генералниот директор на тимот Ли Хус изјави дека клубот е зачуден од одлуката која била донесена без нивна согласност.
Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) во неделата објави дека Чемпионшип, втората англиска лига, се враќа викендот на 20 јуни, три дена по рестартот на Премиер лигата. Во двете лиги, мечевите ќе се играат без публика поради корона вирусот, но Хус тврди дека КПР и повеќе други клубови не се консултирани со оваа одлука.
„Јас сум шокиран од оваа објава, исто како нашиот фудбалски директор Лес Фердинанд и менаџерот Марк Ворбартон. Неверојатно е што оваа одлука е донесена без консултации на клубовите. Покрај тоа, не известија за тоа, 40 минути пред јавно да го објават. Нашите фудбалери уште не се вратиле на тренинзи со контакти, а за три недели треба да играат конкурентни мечеви“, вели Хус.
КПР се на 13. место во Чемпионшип, но уште имаат теоретски шанси за пласман во плејофот за Премиер лигата, бидејќи заостануваат шест поени зад шестопласираните Престон норт енд со 27 поени за освојување во преостанатите девет кола.
? #QPR CEO Lee Hoos voices his frustration following @EFL's announcement regarding a restart date for @SkyBetChamp football.
— QPR FC (@QPR) June 1, 2020