Top Sport

КПР со четири гола му „честитаа“ на Солскјер за новиот договор

Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеаја непријатен пораз од Квинс Парк Ренџерс (КПР). На „Лофтус роуд“, Манчестер јунајтед забележаа пораз по 21 година. Поразот за „црвените ѓаволи“ дојде во денот кога менаџерот Оле Гунар Солскјер го продолжи договорот со клубот.

Натпреварот започна добро за „црвените ѓаволи“. Џеси Лингард постигна гол за 0:1, но до крајот на полувремето Чарли Остин израмни на 1:1.

Во второто полувреме, КПР за шест минути постигнаа три гола преку Линдон Дајкс, Мосес Одубајо и повторно Дајкс.

Поразот го намали, членот на младиот тим на Манчестер јунајтед, Ентони Еланга во 73.минута.

Солскјер настапи на овој меч со комбиниран состав.

Scroll to Top