Top Sport

Крадци собраа 100.000 евра од домот на тренерот на Рома

Домот на тренерот на Рома, Пауло Фонсека бил ограбен во петокот додека тој бил во тренинг-центарот во Тригорија, објавуваат италијанските медиуми.

Тие тврдат дека крадците успеале да украдат неколку часовници и други скапи објекти вредни над 100.000 долари. Фонсека бил на тренинг кога се случил грабежот, а неговата сопруга и син биле во центарот на престолнината на шопинг.

Според „Калчомеркато“, крадците направиле детален план за влез во неговиот дом во квартот Монтеверде, каде што живее Португалецот. Според нивните извори, полицијата не успеала да најде отпечатоци на прст и други траги за крадците.

Scroll to Top