Top Sport

Крај на првата тренерска епизода на Сол Кемпбел

Поранешниот дефанзивец на Арсенал и Тотенхем, Сол Кембпел минатата година реши да влезе во тренерските води. По само 8 месеци заврши неговата прва тренерска епизода.

Легендарниот стопер во ноември 2018 година го презема кормилото на англискиот нисколигаш Меклсфилд, а денеска спогодбено го раскина договорот со клубот.

44-годишникот во неговиот тренерски ангаѓман во четвртолигашкиот клуб изгуби само две од последните 10 натпревари, со што клубот го зачува четвртолигашкиот статус по 46 кола. Сепак, отказот беше взаемно решение.

„Благодарен сум му на Меклсфилд Таун кој многу ми даде во почетокот на мојата тренерска кариера и каде многу научив. Им благодарам на сите навивачи чија верба не водеше во финишот на сезоната“ – изјави Кембпел кој со „топчиите“ од Лондон освои две шампионски титули во Англија.

Според пишувањата на медиумите на Островот, се уште е непознато каде Кемпбел ќе ја продолжи тренерската кариера.

Scroll to Top