Top Sport

Крај на соработката помеѓу Интер и Пирели

Фудбалскиот клуб Интер е во потрага по нов спонзор, со што ќе стави крај на 25-годишната соработка со познатиот производител на гуми, Пирели. Соработката на интер и Пирели започна во сезоната 1994/95.

„Газета дело Спорт“ тврди дека клубот, со оглед на бизнис врските на сопственици, бара спонзор во Азија. Засега фаворити биле Евергранде, Хисенсе и Самсунг.

Се претпоставува дека новиот спонзор на Интер ќе му плаќа помеѓу 30 и 35 милиони евра на годишно ниво.

Scroll to Top