Top Sport

„Кралот“ го покажа новото одело

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги претстави дресовите за наредната сезона во која ќе ја брани титулата во Ла Лига. На новите гарнитури доминира розевата боја.

Главниот дрес е во стандардната бела боја, меѓутоа трите црти, симболот на компанијата „Адидас“ се во розева боја, во оваа боја ќе бидат резервните дресови.

Новата опрема фудбалерите на Реал ќе облечет веќе на 7 август, кога ќе го одиграат осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

 

Scroll to Top