Top Sport

„Кралот“ не блескаше ама победи (Видео)

Реал Мадрид минимално го совлада Еспањол во последниот натпревар од саботната програма, во Ла Лига.

Реал со четвртата победа во сезоната стигна до 13 бода и барем ду утре ќе биде лидер на табелата.

За натпреварот против Еспањол, тренерот Хулен Лоптеги, на клупата ги остави Марсело, Бејл и Крос, а Карвахал не играше поради повреда. Дебитираше во белиот дрес на десната бековска позиција летното засилување Одраизола.

Реал подобра игра во првото полувреме беше подобар ривал, а од трите добри шанси, успеа да ја реализира онаа преку Асенсио во 41.минута.

Вториот дел му припадна на Еспањол, но гостите иако беа подобри во полето не успеаја сериозно да го загрозат голот на Куртоа.

Веќе в среда Реал го очекува дуелот во Севилја, притив истоимениот домаќин, а потоа и градското дерби против Атлетико.

Scroll to Top