Top Sport

Кралски клуб си е кралски клуб – Реал и Роналдо го освоија Париз (видео)

Реал Мадрид се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако и во реваншот успеа да го совлада супер-богатиот тим на Пари Сен-Жермен со 2:1 на „Паркот на принцовите“.

Кристијано Роналдо постигна гол во рекорден деветти натпревар во низа во Лигата на шампионите, покажувајќи дека го чува најдоброто за елитното европско напреварување, за да донесе водство од 0:1 во 51. минута со кое двомечот беше практично решен, бидејќи во првиот меч Реал триумфираше со 3:1.

Португалскиот гениј со ова стави крај на европските соништа на клубот кој потроши стотици милиони евра на засилувања, и го израмни рекордот на својот поранешен клупски колега, Руд ван Нистелрој, кој постигна голови во девет последователни меча во ЛШ во сезоната 2002/03.

Невозможната задача на ПСЖ по ова стана уште потешка кога Марко Верати доби втор жолт картон во 66. минута, меѓутоа домаќините имаа среќа и по една „карамбол-акција“ Единсон Кавани израмни на 1:1.

Сите надежи за „атомски финиш“ беа потопени во 80-тата минута од мечот, кога Касемиро го постави конечниот резултат.

Фото: ЕПА

Scroll to Top