Top Sport

„Кралски“ тест за играчот вреден 222 милиони евра

Пари Сен-Жермен во текот на летото покажаа јасно што е главната цел – да се купат најдобрите фудбалери на светот и да се освои Лигата на шампиони.

Кога „испружија“ 222 милиони евра за трансферот на Нејмар од Барселона, беше јасно дека Бразилецот треба да ја донесе големата титула на „Паркот на принцовите“. Нејмар претходно го инспирираше најдобриот кам-бек во историјата на Лигата на шампионите во март, помагајќи Барса да го надмине дефицитот од 4:0 од ПСЖ за неверојатна 6:1 победа на Камп Ноу.

Сега, со него во тимот, во осминафиналето, ПСЖ налетува на актуелниот шампион Реал Мадрид во дуел кој може да ја „уништи“ сезоната на еден од двата тима.

Реал Мадрид заостанува многу во Ла лига, така што ЛШ до февруари може да биде најдобрата шанса на „Лос бланкос“ за успех во сезоната 2017/18, а тимот на Зинедин Зидан сигурно ќе биде мотивиран дека може да стигне и до трета европска круна во низа.

За ПСЖ, ова е дуел кој „мора“ да се добие. Кога Нејмар беше претставен на „Паркот на принцовите“, самиот изјави дека бара „нови предизвици“, но трофејот од Лига 1 нема да биде доволен. Момчето кое беше на „проба“ на „Сантијаго Бернабеу“ како јуниор, пред да ја избере Барса во 2013 година, Нејмар во Париз дојде со желба да биде „свој човек“ и со желба да ја добие „Златната топка“.

Дополнителен мотив за Нејмар треба да биде и новиот интерес на Реал Мадрид да го вратат во шпанската лига. Претседателот на Реал, Флорентино Перез минатата недела му даде привлечен аргумент за тоа.

„Кога би бил во Мадрид, Нејмар полесно ќе дојде до ‘Златната топка’. Мадрид е голем клуб и им дава на големите играчи тоа што им е најпотребно. Сите знаат дека јас сакав да потпишам со него“, изјави Перез.

Реакцијата од Париз беше очекувана. Тренерот на тимот, Унаи Емери изјави дека не се работи за „најлошата“ ждрепка, бидејќи сите тимови се силни во ЛШ, додека се јави и претседателот на клубот, Насер ал Хелаифи, архитектот на моќниот тим.

„Секако, имаме голема почит за Реал Мадрид и ќе се работи за два одлични натпревари. Фановите на двата клуба се страсни за фудбалот, и уживаат во магичната игра. Мораме да бидеме подготвени за сите ривали, и затоа сме подготвени за Мадрид“, изјави Ал Хелаифи.

Ако се верува на шпанскиот веб-сајт „Диарио гол“, Нејмар веднаш му пратил СМС-порака на својот поранешен колега, Лионел Меси, во кое вели дека прво ќе го елиминираат Реал Мадрид, за потоа да го направат истото со Барселона.

Сега е време 25-годишниот Нејмар навистина да излезе од сенката и да покаже дека вреди секое евро кое катарските милијардери го платија за него.

Роналдо на Нејмар, Барса го извлече Челси

Scroll to Top