Top Sport

Крауч по „чудесијата“ на Роналдо: Малкумина го можеме ова! (видео)

Вечерта, секако, му припадна на Кристијано Роналдо, и многумина беа зачудени од прекрасниот гол со ножички на Португалецот, кој го инспирираше Реал Мадрид до 3:0 победа над Јувентус во четврт-финалето од ЛШ.

Експертите, фановите, и фудбалерите беа едногласни во пофалбите за ветеранот. Освен еден човек. Питер Крауч. Поранешниот напаѓач на Ливерпул, кој сега игра во Стоук сити, мораше да се спомене себеси во конверзацијата.

„Малкумина го можеме ова“, напиша Крауч на Твитер.

Да бидеме искрени, и неговиот гол со ножички е импресивен. Можеби и подобар?

Scroll to Top