Top Sport

Крауч за Просинечки: Пушеше пред мечот, на полувреме, под туш, по мечот!

Легендарниот хрватски фудбалер, Роберт Просинечки пред самиот крај на фудбалската кариера една сезона (2001/2002) беше член на англиски Портсмут.

Колега во нападот на „Жути“ му беше 201-сантиметар високиот Питер Крауч кој се присети на моментите поминати со хрватскиот ас.

„Пушеше пред натпревар, на полувреме, во текот на туширањето, по натпреварот…Едноставно не се одвојуваше од цигарите, и тоа црвени „марлборо“, беше потполно неверојатно. Мислам дека таа сезона дадов 19 гола, а Роби речиси секој ми го „сервираше на тацна“. Не зборуваше многу, но разбираше повеќе отколку што оставаше впечаток дек разбира. Со него би можеле да разговарате на совршен англиски, но кога ќе му кажете да се врати во одбрана, се правеше дека не разбира“ – раскажа Крауч.

Гери О`Нил имал само 19 години кога Просинечки (тогаш 32-годишен) дошол во Портсмут.

„Кога дојде кај нас, беше смешно. Мислев дека е ѓубре од игра. Ликот не се одвојуваше од цигарите. На тренинг изгледаше како да играм со татко ми. Не можеше да трча, но со топката во нозете одземаше здив. Беше старец кога дојде, но и понатаму беше величествен“ – изјави О`Нил.

Scroll to Top