Парите, поточно кризата која ја предизивка пандемијата на коронавирусот, г натера моќните клубови да ја формираат Суперлигата, која пропадна 48 часа по формирањето.
Еден од творците, првиот претседател, Флорентино Перез, призна дека со креирањето на Суперлигата, клубовите се обидуваат да излезат од финансиската криза, која сите ги однесе во голем минус.
Планираниот фонда за Суперлигата изнесуваше 3,5 милијарди долари. Реал, Барселона, Јувентус само од учеството ќе заработеа околу 400 милиони долари.
Со ваков прилив на пари полесно би им било да ги сервисираат долговите.
Вкупниот долг на клубовите кои во неделата ја основаа Суперлигата изнесува 8,6 милијарди евра. Нјамногу од нив должат Барселона и Тотенхем, најмалку Манчестер сити и Милан.