Top Sport

Кремљ и Русија подготвени да блеснат на мундијалската ждрепка

Денеска навечер (16 часот по македонско време), ќе блесне Кремљ, со сигнал дека остануваат само уште неколку месеци до стартот на првото Светско првенство во фудбал во Русија, со конечното одредување на групите за летниот спектакл.

Речиси седум години откако Русија го доби правото да го организира Светското првенство, кон Москва ќе биде свртено вниманието на заљубениците во фудбалот од целиот свет, кој ќе може да добие најава што ќе ги чека на Мундијалот.

Едно од изненадувањата пред ждрепката беше тоа што Гери Линекер, поранешниот напаѓач на Тотенхем, а сега ТВ-коментатор, беше поканет како ко-домаќин на извлекувањето, посебно бидејќи тој беше дел од англиската кандидатура за СП која загуби од Русија, а неколку пати јавно ја критикуваше и ФИФА. Негова партнерка на шоуто ќе биде руската фудбалска новинарка Марија Команднаја, која на прашањата за Линекер, сакаше да одговара само за фудбалски теми.

Извлекувањето ќе трае еден час, а локален домаќин ќе биде ѕвездата на руската телевизија, Иван Ургант, и домаќините ќе дадат слика на модерно општество кое е вљубено во спортот, а дополнителните детали се кријат.

Линекер и Команднаја ќе имаат осум „асистенти“ при ждрепката – Лорен Блан, Гордон Бенкс, Кафу, Фабио Канаваро, Диего Форлан, Диего Марадона, Карлес Пујол и 91-годишниот поранешен советски репрезентативец, Никита Симојан. Тие ќе бидат одговорни за групите – со осум садови на различните делови на сцената и четири „шапки“ од кои ќе се влечат клубовите.

Процесот на извлекување ќе трае околу половина час, а меѓу 6.000 присутни во салата ќе бидат тренерите на 30 од 32-те квалификувани тимови и над 1.000 новинари. Позадината ќе биде фантастична – славниот комплекс тврдини Кремљ, официјалната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин, со огромно обезбедување.

Познат е распоредот на барабаните пред ждрепката за Мундијалот

Scroll to Top