Top Sport

Кремонезе пропушти шанса за прва победа оваа сезона

Кремонезе пет минути имаше водство на гости кај Торино, но не успеа да стигне до својата прва победа оваа сезона во Серија А, одигрувајќи 2:2 за да останат на дното на табелата.

Торино дојде во водство во 41. минута од мечот преку Антонио Санабрија со гол од пенал, но гостите тогаш приредија вистинско изненадување. Во 54. минута Франк Цаџут успеа да израмни, за во 74. Емануеле Валери да донесе изненадувачко водство за „фенерџијата“.

Радоста траеше само до 79. минута, кога Вилфрид Синго успеа да израмни. Торино имаше уште неколку шанси до крајот на мечот, но на крајот немаше гол. Торино се деветти на табелата со 31 поен, додека Кремонезе останува на последното место со 9 поени, дури 10 од безбедната зона.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top